За нас

Пекинг Гарден претставува прв азиски ресторан кој нуди огромен избор на специјалитети од кинеската и јапонската кујна. За сите љубители на азиската храна ние во Пекинг Гарден донесовме професионални готвачи од Кина, а вие ќе имате можноста да ги пробате вистинските и уникатни кинеско – јапонски вкусови.

Како нов ресторан кој се наоѓа во срцето на Скопје на ул. Максим Горки бр. 3 и на плоштадот Македонија (бивша Пивница), Пекинг Гарден воведе вистински новитети во ресторантското работење. Гостите ќе имаат можност да се послужат од изборот на храна преку првата “ранинг суши лента” која е препознатлива во повеќето јапонски ресторани низ светот. Исто така како новитет може да се напомене и тоа дека гостите ќе може да гледаат како се подготвува храната на жешката плоча „Тепанјаки” .